Jоце Панов на депилација на влакната од носот: “Кој го измислил ова, да го убијам“! Популарниот пејач ги вознемири обожавателките!

231

Обожавателките на Панов не останаа рамнодушни, па испратија до него редица коментари. Рака на срце, не беа воодушевени, па една лутито го праша: “Не ти е срам“?!

Во ова време на пандемија кога пејачите и музичарите во Македонија одвај врзуваат крај со крај и одвај го туркаат месецот за да преживеат се случуваат секакви ситуации. Па, така, неодамна многу се зборуваше за настапот на многу популарниот пејач Јоце Панов во еден од скопските ресторани, кога додека тој со фановите пееше, влезе инспекцијата која проверуваше дали гостите ги имаат сертификатите за примени вакцини против опасниот вирус.

– Не знам зошто околу тоа се крена прав во медиумите? Некои медиуми како да немаат материјали за пишување, па се пишува за сè и сешто, не прават селекција. Какви се тоа глупости кои се напишани дека јас немав сертификат кога тоа не е точно, како што не е точно дека инспекцијата ми напишала казна, вели популарниот пејач за весникот ВЕЧЕР. Ниту сум пеел во тој таму некој ресторан, не знам ниту во кој, па во тој случај ниту можеше некој да ми побара сертификат. Многу се лаже, ама веќе отрпнав на секакви заткулисни работи врзани за моето име. Пишувајте за поважни ситуации во мојата професија и во мојот живот, а не за ова, особено затоа што не е точно.

И, ете, за Јоце најдовме уште една важна ситуација, можеби поважна, од оваа за вакцините. Кој како гледа на работите. Пејачот (кој воедно е и професор по музика во една скопска гимназија) на Инстаграм покажа како се депилираат влакната во носот. Додека од носот козметичарката му ги вади чепкалките, тој вриска и поради острите болки скоро да заплаче, велејќи: “Кој го измислил ова, да одам да го убијам“!

Обожавателките на Панов не останаа рамнодушни, па испратија до него редица коментари. Рака на срце, не беа воодушевени со неговата депилација, па една дури лутито му напиша: “Сè ова ти  е одвратно, не ти е срам учениците да те гледаат“?! (Д.М.)