Дваесет и петгодишна девојка од Непал којашто работела во хотел во Охрид го напуштила домот во којшто престојувала. Taa вчера не се појавила на работното место.
„На 3 септември во 12.00 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Д.М.(25) од Непал го напуштила домот во кој престојувала во Охрид и не се појавила на работното место во хотел во Охрид каде претходно остварила договор за вработување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираа од СВР Охрид.