Иран ги негираше тврдењата дека и испорачува проектили на Русија

43

Високиот командант на Иранската револуционерна гарда Фазлолах Нозари денеска ги демантираше тврдењата дека Иран и испорачува на Русија ракети кои би можеле да се употребат во војната во Украина, јавуваат иранските медиуми.

Си-Ен-Ен и Волстрит журнал минатата недела објавија, повикувајќи се на неидентификувани извори, дека Иран префрлил балистички ракети со краток дострел во Русија.

Нозари рече дека не биле испратени проектили во Русија и дека таквото тврдење е „еден вид психолошка војна“, објави Ројтерс.