Се подготвува голем трансфер во Евролигата. Баерн и официјално објави дека Серж Ибака го напуштил клубот по една сезона играње таму.
Сега се очекува поранешниот шпански репрезентативец и долгогодишен НБА-кошаркар да игра за Реал Мадрид. Искусниот 34-годишен играч е роден во Конго, а по играњето во својата татковина за Хоспиталет и за Манреса, во 2008 година беше избран за 24. пик од Сиетл суперсоникс. Потоа играше за Оклахома, Орландо, Торонто, Лос Анџелес клиперс и за Милвоки бакс, па се врати во Европа.
Тој веќе играше за Реал Мадрид во 2011 година и во Евролигата имаше просек од 5,5 поени и 4,4 скока на натпревар.