И ова лето средношколците ќе се возат бесплатно

57

Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информираат дека средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз и оваа година имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст.

Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно со Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2024 година, во која, меѓудругото се наведува: „Со почетокот на 2024 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука…“.