ХОРОР ВО ЗАГРЕБ: Одел по улица со секира и кршел возила, а во неговата куќа нашле тело на жена

1338

Загрепската полиција приведе маж кој оштетувал автомобили на улица, а потоа во неговата куќа било пронајдено тело на постара жена.

Според извештаите, околу 14 часот и 25 минути полицијата добила дојава за маж кој без облека оди по улица и удира со секира во автомобили во загрепската населба Суседград.

Мажот потоа се вратил дома каде го пронашле полициските службеници и го однеле во службените простории. При апсењето во неговата куќа било пронајдено женско тело.

Според првите информации, најверојатно се работи за повозрасно лице, најверојатно член на семејството.

Во овој момент не може да се утврди причината за смртта со оглед на состојбата на телото кое очигледно подолго време се наоѓало во куќата.

На терен излегла истражна екипа на полициската управа во Загреб. Мажот е под полициски надзор.