ХОРОР ВО МЕКСИКО: Убиен градоначалник шест дена по преземањето на функцијата

82

Алехандро Аркос, градоначалник на Чилпансинго, главниот град на мексиканската држава Гереро, беше убиен вчера, помалку од една недела по преземањето на функцијата, потврди гувернерот на државата.

Британските медиуми пренесуваат дека Аркос е убиен само шест дена откако стана градоначалник на Чилпасинго, град во југозападно Мексико со околу 280.000 жители.

„Поради неговото убиство, целата заедница на државата Гереро тагува и не исполнува со гнев“, рече гувернерката Евелин Салгадо во изјавата споделена на социјалните мрежи.

Јавното обвинителство на сојузната држава Гереро, каде што насилствата зајакнаа, соопшти дека е покрената истрага за убиството на градоначалникот на Чилпансинго.