Поранешниот НБА-кошаркар, Вили Коли-Стајн, требаше да биде еден од најдобрите центри на новата генерација, но не да се случи тоа, бидејќи има застрашувачка приказна зад него.
Само вистинските љубители на кошарката и НБА ќе го паметат Вили Коли-Стајн од Сакраменто кингс. Брилијантниот центар беше шести пик на драфтот во 2015 година, но никогаш не го достигна својот целосен потенцијал.
Од другата страна на Барата играше за Сакраменто кингс, Голден стејт вориорс, Далас маверикс и за Филаделфија 76 ерс, каде што не остави длабока трага.
Неговиот последен ангажман беше во Италија, каде што настапуваше за Варезе.
Коли-Стајн откри дека има неверојатна зависност од лекови и оти е свесен дека избегнал куршум таму.
- Можев лесно да умрам. Свесен сум дека избегнав куршум. Побарав помош пред да биде предоцна и сега сум подобро. Сега е многу потешко да ѝ се вратам на кошарката. Тоа ми го отвори патот кон менталните проблеми. Се обидов да се справам со тоа и да играм истовремено за нов тим и за полош договор. Меѓутоа, тогаш забремени мојата сопруга и навистина имаше многу промени и многу чудни работи во мојот живот – изјави центарот.
Потоа почнал да зема лекови.
- Тогаш почнав да пијам лекови против болки за да избегам од реалноста. Тогаш, всушност, започна мојот пекол, бидејќи купив лажни таблети во кои главната состојка е фентанилот. Тоа е дрога 100 пати посилна од морфинот и 50 пати посилна од хероинот. Немав идеја кога решив да се пријавам. Слушав приказни за деца што одат на забави и го земаат, а потоа умираат! Човеку, јас можев да умрам од една таблета, а испив стотици, со месеци и години – вели Коли-Стајн.
Исто така, тој зборуваше за своите чувства кога бил соочен со најголемите проблеми и за тоа како, всушност, излегол од пеколот во кој влегол.
- Сите во тимот забележаа дека немам енергија, љубов, ништо… Дрогата испи сè во мене. Мислев дека играм напорно, дека го правам тоа што секогаш го правам, а потоа слушав: „Не изгледа како да ја сака кошарката“. Не го сфатив додека не се отрезнив. Немав жар во разговорот, не можев да ги гледам луѓето в очи, затоа што чувствував дека можеда видат дека не сум јас. Му реков на агентот да ми помогне и штом влегов во НБА-програмата за борба против дрогата, почувствував големо олеснување. Сега сум одморен, свеж и подготвен за нови предизвици – вели центарот, кој е во потрага по нов ангажман.