Хорор во Австрија: Четиринаесетгодишник со секира го убил својот 36-годишен брат

133

Тинејџер на 14 години со секира го усмртил сопствениот во Австрија. Трагичниот настан се случил во Мирцхофен, во австриската провинција Штаерска.

Момчето признало дека го убил својот 36-годишен брат, објавија австриските медиуми. Полицијата соопшти дека мажот бил убиен со секира. Неговото тело беше пронајдено вчера во куќа во Киндберг во Штаерска.

Откако го убил својот брат, 14-годишникот го напуштил местото на злосторството, но набрзо бил уапсен во близина. Полицијата извести дека тинејџерот во ранецот имал украсна секира, т.н „Викинг“, изработена од метал. Малолетникот рекол дека го убил својот брат поради долгогодишна кавга, соопшти полицијата.

Двајцата браќа живееле со своите родители, пишуваат австриските медиуми.