EPA-EFE/TOMS KALNINS

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња ќе го напушти Реал Мадрид во наредниот период и, како што пишува српски „Курир“, негов нов клуб би можел да биде Партизан.

Хезоња во моментов ги игра, веројатно, последните натпревари во дресот на Реал. Мадриѓани се пред одбрана на титулата во АЦБ-лигата, а, како што стојат работите сега, тоа ќе биде збогување на Хрватот со „кралевите“.

Српскиот портал тврди дека бил остварен првиот контакт и дека луѓето од Партизан и Хезоња ги одржале првите разговори во Барселона.

Хезоња секогаш истакнуваше дека го сака Партизан и дека е навивач на „црно-белите“. Така, сега би можел да стане најголема ѕвезда во тимот на Жељко Обрадовиќ.