EPA-EFE/TOMS KALNINS

Кошаркарите на Реал Мадрид ја освоија шампионската титула во Шпанија, совладувајќи ја Мурсија на третиот натпревар, а по триумфот, хрватскиот ас Марио Хезоња застана пред новинарите и порача дека останува во „кралскиот клуб“. Тој даде јасна порака дека ќе се бори со соиграчите за нови титули.

Тој доби прашање од новинар: „Велиш дека се бориме? Дали значи тоа дека остануваш?, на што јасно одговори:

  • Да. Сега почнува делот од сезоната во кој канцелариите ќе си ја вршат работата. Се чувствувам како дома, како овие луѓе овде да се мое семејство. Ми покажаа љубов дури и кога другите кажуваа лаги за мене и јас би сакал да им возвратам со освојување уште многу трофеи.

По неколкумесечни преговори меѓу Марио Хезоња и Реал, на кои договорот не беше јавно потврден, тој сега првпат дефинитивно објави дека нема да го менува тимот. На овој начин, веројатно, е елиминирана можноста летово да потпише за Партизан, клубот за кој навива уште како дете.

Хезоња (29) е во Реал од 2022 година, кога дојде од Уникс. Со „кралскиот клуб“ ја освои титулата европски првак, а сега и титулата шампион на Шпанија.