Американскиот кошаркарски стручњак Ден Харли (51) ја одбил понудата на Лос Анџелес лејкерс да стане негов нов тренер. Според американските медиуми, Лејкерс му понудил на Харли шестгодишен договор, вреден 70 милиони долари.

Харли бил импресиониран од понудата на Лејкерс, но одлучил да остане на кормилото на Универзитетот во Конектикат, објави ЕСПН.

Овој почитуван кошаркарски стручњак го водеше овој тим до две последователни титули во НЦАА (2023, 2024). ЛА Лејкерс му врачи отказ на тренерот Дарвин Хем откако беше елиминиран во првото коло од плејофот во НБА-лигата.