Хамас предложи Газа и Западниот Брег да бидат управувани од непартиска влада по завршувањето на војната

394

За време на разговорите за прекин на огнот, Хамас сугерираше дека независна влада составена од непартиски личности може да управува со повоената Газа и Западниот Брег, рече член на политичкото биро на палестинската милитантна група, Хусам Бадран, додека друг извор од Хамас рече тоа би го отворило патот на палестинските национални избори.

„Предложивме непартиска влада да управува со Газа и на Западниот Брег по војната“, рече Бадран во изјавата за тековните разговори меѓу Израел и Хамас со посредство на Катар, Египет и Соединетите држави, објави „Тајмс оф Израел“.

Бадран тврди дека управувањето со Газа по војната е внатрешно прашање на Палестина без никакво надворешно мешање и дека нема да разговараат ден по војната во Газа со никого однадвор. Потенцијалната влада „ќе управува со работите на Појасот Газа и Западниот Брег во почетната фаза по војната, отворајќи го патот за општи избори“, рече функционерот, кој не сакаше да биде именуван.

Катарските и египетските посредници, поддржани од САД, ги зајакнаа напорите оваа недела да склучат договор за прекин на огнот со цел да се стави крај на војната во Појасот Газа и да се ослободат израелските заложници кои ги држеше Хамас.

На крајот на мај, американскиот претседател Џозеф Бајден го детализираше предлогот за трифазен прекин на огнот, ослободување на заложниците на Хамас и палестинските затвореници од Израел, повлекување на Израел од Појасот Газа и реконструкција на енклавата. Хамас прифати клучен дел од американскиот план, откажувајќи се од барањето Израел прво да се обврзе на траен прекин на огнот пред да го потпише договорот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху инсистира дека договорот не смее да го спречи Израел да продолжи со борбите додека не се исполнат неговите воени цели, односно целосно уништување на Хамас, пренесува Танјуг.