Halloween палачинки за интересен појадок, ручек или вечера

141
Фото: Klub ljubitelja palačinaka

За љубителите на палачинки секогаш постојат интересни идеи за совршен десерт. Сите ги сакаат палачинките, се јадат секаде во светот, за појадок, ручек или вечера. Се подготвуваат слатки или солени, тенки или дебели…

Еве еден интересен рецепт за палачинки кои можете да ги подготвите воочи Ноќта на вештерките

Состојки:

  • 200 гр брашно од спелта
  • 2 јајца
  • 100 мл маслинов зејтин
  • 100 грама шери домати
  • 1 лажичка сол
  • 300 мл млеко
  • црна прехранбена боја

Подготовка:

Во сад изматете ги јајцата, мелкото, масилновиот зејтин, сол, па додадете го брашното од спелта. Се изматете до саканата густина и маса. Печете ги палачонките на класичниот начин, а потоа сервирајте ги со сирење, шери домати и босилек.

Во дел од смесата ставете малку црна боја, па ставете ја смесата во шише, на чиј капак има дупка и во тавата за палачинки формирајте декорации по желба.

Сервирајте ги палачинките врз декорациите. Уживајте во вкусот!