„Ги држиме на нишан“: Пред ЕП во фудбал во Германија пристигна полиција од цела Европа

187

Германија во четвртокот беше домаќин на полицајци од цела Европа за да помогнат во одбраната од потенцијалните закани на овогодинешното Европско фудбалско првенство, а министерката за внатрешни работи Ненси Фесер вети внимателност пред првиот натпревар оваа недела.

„Нашиот фокус е првенствено заканата од исламистичкиот тероризам, хулиганите и нивните злосторства, секојдневните злосторства, насилните криминалци, но овојпат и од сајбер нападите. Затоа, нашите безбедносни власти цврсто ја имаат исламистичката сцена пред својот нишан“, рече Фезер на церемонијата пред полицајците ангажирани за обезбедување на шампионатот.