Канадската тенисерка Ежени Бушар (30), која важи за една од најубавите и најпровокативни тенисерка на светот, на Инстаграм покажа како ќе биде облечена за „Ноќта на вештерките“ и со неколку фотографии слатко ги насмеа своите обожаватели.
Таа позираше во костим крава додека во раката држеше млеко, а имаше адекватен краток коментар: „Мууу“.
Таа ги воодушевила своите обожаватели со идејата, па и напишале: „Овој костим е златен“, „Неверојатна си“, „Јас сум за без лактоза, но ќе ризикувам“, „Фантастична крава“, „Света крава“…
View this post on Instagram