Garmin Pay достапна и за корисниците на Visa картички на Халкбанк

53

 

 Услугата Garmin Pay е достапна за користење на сите ПОС терминали што поддржуваат бесконтактно плаќање. -Услугата е дел од нашата политика и нашите заложби за иновации, но и за поттикнување и негување здрави животни навики кај населението и воедно заштита на животната средина,  изјави Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.

Услугата Garmin Pay на Халкбанк со која се овозможува брзо и едноставно плаќање со Garmin часовник, сега е достапна и за корисниците на Visa  картичките издадени од Халкбанк.

Халкбанк АД –Скопје како лидер во воведување нови технологии, го креираше производот Garmin Pay со што стана и прва и единствена банка на пазарот што воведе плаќање со паметен часовник. Создадена во духот на денешното динамично време, оваа услуга е наменета за луѓе што секогаш се во движење, и овозможува извршување плаќања дури и во отсуство на паричник или платежна картичка.

„Услугата Garmin Pay на некој начин е дел од нашата политика и нашите заложби за иновации, но и за поттикнување и негување здрави животни навики кај населението и воедно заштита на животната средина. За оваа цел ние применуваме бројни ЕКО политики и даваме поддршка на многу активности на зедницата кои имаат иста цел, а со ваквата политика за поддршка на спортот, односно на здравите животни навики и грижа за природата, ќе продолжиме и во иднина“, рече Билал Суџубаши, главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје.

Суџубаши најави дека и трката Водно-Матка која ќе се одржи наскоро ќе биде под заедничко покровителство на Халкбанк и партнерoт Visa.

Од Visa изразија задоволство што се приклучуваат како партнери во промоција и на оваа заедничка услуга. Услугата Garmin Pay е достапна за користење на сите ПОС терминали што поддржуваат бесконтактно плаќање. При ваквиот тип на плаќање, потребно е да се внесе лозинка, да се избере картичката со која ќе се врши плаќање и потоа часовникот да се доближи близу читачот на ПОС терминалот.