ФОТОВЕСТ: Запушен Вардар во центарот на Скопје

195

Не е ни прв ни последен пат. Намаленото ниво на водата во реката Вардар, и тоа во централното градско подрачје, ја извади на површина сета нечистотија.

Објективот на фотоапаратот на нашиот фоторепортер забележа куп гранки, пластични шишиња и друг отпад заглавен меѓу објектите во коритото на Вардар и под столбовите на мостовите.

Тоа само ги открива негрижата и немањето доволна свест за чиста животна средина.

Фото: (Ѕ.П.)