Фон дер Лајен: Договорот на Г7 за заемот за Украина е сигнал за Путин дека нема да победи

81

Со договорот на Г7 за користење на профитот од замрзнатите руски средства, испраќаме силен сигнал до Украина дека ќе ја поддржуваме во борбата за слобода се додека е потребно, но и знак за рускиот претседател Владимир Путин дека не може да победи, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на маргините на состанокот на Г7.

Таа посочи дека сите земји од Г7 ќе придонесат за пакет заеми за Украина во вредност од околу 50 милијарди долари од замрзнати руски средства и дека министрите сега ги разгледуваат деталите од договорот, пренесува Анса.

Веќе има помош од ЕУ од 50 милијарди евра и американска помош од 60 милијарди долари (за Украина), а сега е додаден и пакетот Г7 од 50 милијарди долари, најави претседателката на ЕК.