ФАТАЛНА МЕДИЦИНСКА ГРЕШКА: Пациентка почина во болница во Мичиген поради кибер напад врз болничка мрежа

122

Пациентка која претрпе срцев удар почина во болница во американската сојузна држава Мичиген поради задоцнети резултати од тестот предизвикани од кибер напад врз Ascension, голема американска болничка мрежа со повеќе од 140 здравствени установи ширум земјата

Кибер нападот предизвика сериозни, па дури и фатални медицински грешки.

Меѓу пријавените инциденти имало и – давани погрешни лекови на пациенти што резултирало со компликации опасни по живот, објави Вашингтон тајмс.