Според неофицијални информации, ЕСМ дало понуда да му ја продава својата струја на универзалниот снабдувач за 5 отсто повеќе. Односно, од сегашните 57 евра, цената за мегават-час да се зголеми на 60 евра.

Но, какви ќе бидат сметките на граѓаните, ќе се знае за неколку дена, бидејќи на 20 јуни е аукцијата, а одлуката за новата цена ќе биде донесена до крајот на јуни. Но, досегашната пракса покажува дека на тендерот на  универзалниот снабдувач никој досега не понудил пониска цена за струјата од онаа на државните електрани.

Инаку, каква ќе биде цената на струјата за домаќинствата и за малите потрошувачи, најмногу ќе зависи од тоа по која цена ќе му ја продава ЕСМ својата струја на универзалниот снабдувач.

Па, оттука се поставува прашањето, со поскапувањето на мегаватот од државните електрани, колку би влијаела намалената профитна маржа на ЕВН ХОУМ на новата цена.