Камерун никогаш не бил учесник на двете најголеми кошаркарски натпреварувања (ниту на Олимписките игри ниту на Светското првенство), а најголемото достигнување на африканскиот континент му е титулата вицешампион во 2007 година. Затоа оваа земја многу го цени и се радува на успехот на Џоел Ембид, олимпискиот шампион со САД, кој е роден во Камерун.
Претседателот на државата, Пол Бија, го искористи гостувањето на НБА-асот во родниот град, по триумфот во Париз, за да му врачи високо национално признание – Орден за храброст.
Во образложението се вели дека тоа е за придонесот на Ембид во развојот на спортот, уметноста, науката, културата, земјоделството и на индустријата на земјата.
Ембид живеел во Камерун до својата 16. Година и оттаму заминал во САД.