„ЕЛ НИЊО“ СЕ СМИРИ – но, суштината не е променета!

427

Серијата од 13 последователни месеци со нов просечен рекорд на топлина заврши во јули кога природната климатска шема на Ел Нињо стивна, објави европската климатска агенција Коперникус.

Иако просечната температура овој јули не го надмина јули минатата година, научниците предупредуваат дека крајот на серијата рекорди не менува ништо во однос на заканата од климатската криза, пишува Гардијан.

– Суштината не е променета. Нашата планета продолжува да се загрева – изјави заменик директорот на Коперникус, Саманта Бургес.

Просечната температура во јули оваа година била 16,91 Целзиусови степени, што е за 0,68 степени над 30-годишниот просек за тој месец, покажуваат податоците на Коперникус. Тоа е втор најтопол јули и втор најтопол месец забележан во евиденцијата на агенцијата, по јули 2023 година.

Во текот на јули, според мерењата на агенцијата, светот бил за 1,48 степени потопол од прединдустриското време.

Ова е блиску до границата на затоплување на која се согласија речиси сите земји во светот со Парискиот климатски договор од 2015 година, односно 1,5 степени Целзиусови.

– Главната движечка сила зад оваа рекордна температура е долгорочниот тренд на затоплување што е директно поврзан со акумулацијата на стакленички гасови во атмосферата – изјави климатологот Џулиен Николас.

Во јули екстремни горештини ја погодија јужна Европа, вклучително и Балканот, делови од Африка и Азија, но и источен Антарктик, според Коперник.

Климатологот и директор на Институтот за вселенски студии Годард предупреди дека ситуацијата ќе продолжи да се влошува поради човечкиот фактор.