„Eat the Beat” светски шампиони во латиноамерикански танци

125

Танчарското студио „Eat the Beat” во општина Центар се светски шампиони во латиноамерикански танци. Големиот успех лично им го честиташе градоначалникот Саша Богдановиќ.

– Чест и задоволство ми беше лично да им го честитам постигнатиот успех за освоеното прво место на членовите од танчарското студио „Eat the Beat” во Центар. Наши, а светски шампиони во латиноамерикански танци, кои гордо ги бранеа боите на нашата земја на одржаното светско првенство во Босна и Херцеговина. Шампиони, ви го честитам постигнатиот успех и ви посакувам уште многу освоени награди и првенства на идни натпревари – истакна Богдановиќ.