Ракометарите на Еурофарм Пелистер пропуштија голема шанса да ја продолжат со серијата победи во Европската лига, откако ремизираа на гостувањето кај Спортинг со 27:27. Битолчани одиграа квалитетно на гостувањето во Лисабон, но иако имаа позитива во текот на целиот натпревари, во самиот финиш избрзаа во клучниот напад и дозволија Спортинг да освои бод на овој натпревар

Табоада постигна седум гола и беше најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер, пет погодоци реализираше Мандалиниќ, а четири Божиќ Павлетиќ.

Со овој натпревар беше затворена првата фаза од групата Д, а втората ќе започне за седум дена и тоа токму со дуел на овие две екипи, но овој пат во Битола.