Eксплозија во Белгија, се урна дел од зграда

51

Во зграда во белгиската општина Турнаут утрово се случи експлозија поради што делумно се урна објектот.

Се претпоставува дека експлозијата настанала поради дефект на инсталацијата за гас.

Спасувачите од под урнатините извлекле едно живо лице. Сè уште е непознато дали има жртви. Повеќемина се водат како исчезнати.

Експлозијата предизвикала прилична материјална штета и на околните згради.