Двојно убиство во Кратово: 37-годишна жена ги убила сопругот и свекорот

1593

Двојно убиство се случи синоќа во Кратово, а приведена е 37-годишна жена.

Според првичните информации убиени се сопругот и свекорот на приведената.

Обвинител и полицијата извршиле увид по што телата во текот на ноќта се пренесени на обдукција. По увидот ќе се утврдува мотивот за двојното убиство и како е извршено злосторството.