Грузиецот Мераб Двалишвили е нов шампион на УФЦ во бантам категорија, откако во Лас Вегас, со едногласна судиска одлука, го победи Шон О’Мали (49:46, 48:47, 48:47). Во текот на петте рунди, Грузиецот доминираше, О’Мали немаше одговор на неговото борење и на крајот судиите немаа премногу тешка работа.
Сите тројца му ја доделија победата на Двалишвили. Интересно е што двајцата судии бодуваа само една рунда повеќе во корист на Мераб, кој беше многу подоминантен од својот ривал. По победата, емоциите на 33-годишниот борец беа големи. Не можеше да поверува дека стана шампион затоа што „до вчера“ работеше во градежништвото.
- Немав чувство дека се борам за титула. Денеска беше сосема обичен ден за мене, воопшто не се трошев. Лудо! Мислам дека сонувам. Знаев дека е добар и направив да изгледа сосема нормално. Јас сум најдобриот борец во УФЦ денес. Не ми е грижа за судиското бодување, сите видоа дека доминирав во борбата – истакна Двалишвили.
Умар Нурмагомедов е следниот голем предизвик за него.
- Само што го освоив појасот. Работев напорно 12 години за ова. Го почитувам Дејна Вајт и ќе биде како што ќе каже. Тој ми го промени животот, ме најде и ме донесе во УФЦ. Погледнете ме сега, јас сум шампион, го живеам сонот, ги инспирирам луѓето ширум светот, сè уште сум нормален човек, градежен работник – вели Грузиецот.
Мераб заминал во Америка на 21 година и почнал да работи како градежник во Њујорк. Покрај работата, редовно тренирал, а имал и сон, кој на крајот и го оствари.
- Се прашав дали вреди, особено кога работев на снег или на сонце. Сепак, без разлика на сè, тренирав навистина напорно – вели Грузиецот.
Неговиот почеток во УФЦ не бил лесен. Загубил два меча, бил на прагот да добие отказ, а потоа тргнал во неверојатна победничка серија.
- Кога само ќе се сетам на тоа колку тежок ми беше животот до 2019 или 2020 година. Имав толку многу предизвици во животот. Често се прашував дали да продолжам со ова. Чувствував дека борбата, можеби, не е за мене. Сепак, почнав да добивам сè повеќе и повеќе борби и заработував сè повеќе пари. Ја напуштив работата, му се посветив на спортот, се преселив во Лас Вегас. Успеав да добијам државјанство и, конечно, сум среќен човек – изјави грузискиот борач.
Сега има 18 триумфи и 4 порази во кариерата и е во победничка серија од 11 борби.