Два брода вчера за малку ќе се судреле при туристичко патување на грчкиот остров Лефкада. Како што може да се види на снимката што ја сподели страницата на Инстаграм „nikana.gr“, гостите на туристички брод во Лефкада за влакно избегнаа судир со друг брод.
Исплашените патници потоа побарале да се вратат на копното и да го прекинат патувањето, а екипажот на бродот наводно одбил. На видеата се слушаат преплашени патници како врескаат додека другиот брод се приближува кон нивниот и тие се обидуваат да го спречат.
View this post on Instagram
„Ни се јавуваат туристите кои се на бродот што ги превезувал на патувањето на Лефкада и на кој се сега. За малку избегнале судир со друг брод и сега, преплашени, патниците сакаат да го прекинат патувањето и да се вратат на копното, а екипажот, според нив, одбива“, се наведува во објавата под видеото.
View this post on Instagram