Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ, на средба со новинарите, меѓу другото, зборуваше и за големото засилување на Далас, поранешниот играч на Голден стејт, Клеј Томпсон.
Далас се засили со Томпсон, а во тимот ги има и Дончиќ и Кари Ирвинг и со право се надева на шампионскиот прстен во новата сезона.
- Неверојатно! Клеј е четирикратен шампион, одличен играч, па бев многу возбуден кога потпиша за нас. Едвај чекам да играм со него – изјави Дончиќ.
На прашањето која е целта во новата сезона, Лука кратко одговори: „Шампионатот“. Доколку успеат во тоа, ќе одат чекор понатаму во однос на минатата сезона, во која беа поразени од Бостон селтикс, во финалето на НБА.