Доналд Сатерленд доживеал клиничка смрт во Југославија: „Видов син тунел и бела светлина“

1938
EPA-EFE/WILL OLIVER

Легендарниот холивудски актер Доналд Сатерленд почина вчера на 88-годишна возраст. Неговиот живот го одбележаа бројни улоги, но и настан што се случил во 1970 година во поранешна Југославија.

Имено, според неговите зборови, за време на снимањето на филмот „Хероите на Кели“ во Југославија, актерот паднал и доживеал клиничка смрт.

„Тоа беше во 1970 година кога поминав шест недели на снимањето на филмот „Хероите на Кели“ во поранешна Југославија. Ужасно ми се слоши на снимањето и ме сместија во болница. Имав тежок менингитис, а бидејќи немаа антибиотици во болницата, паднав во кома“, раскажа во една прилика актерот.

„Ми рекоа дека сум доживеал клиничка смрт неколку секунди, на што дури и се сеќавам. Имав впечаток дека гледам син тунел низ кој се спуштам осветлен од бела светлина. Физичкиот впечаток беше како да давам отпор со стапалата фиксирани на креветот за „смртта да не ме одвлече“. Очигледно е дека успеав! Едноставно тогаш не ми беше така, но морам да признаам дека беше многу предизвикувачки и во еден момент помислив и зошто да не?“, призна тогаш Доналд.

Тој додаде дека требало да биде во Југославија само ден или два, но на крајот останал шест недели.

Овој канадски актер и антивоен активист, чија филмска кариера траеше повеќе од седум децении, доби бројни награди, вклучувајќи ја наградата Primetime Emmy, две награди „Златен глобус“ и наградата Critics Choice. За него се вели дека е еден од најдобрите актери кои никогаш не биле номинирани за Оскар. Во 2017 година, тој доби почесна награда Оскар Академијата.

ПАТОТ ДО СЛАВАТА: Доналд Сатерленд актер со шестдецениска кариера и над 190 филмови и серии