„Долго се плашевме од него, беше слаб со нервите“: Соседите за човекот осомничен дека ги убил родителите во Славонски брод

928

Две лица се убиени во Славонски Брод нешто пред 14 часот. На местото на настанот во во Славонски Брод, полицијата пронашла мртви тела на две лица – 76-годишен маж и 78-годишна жена. На телата биле видливи знаци на насилна смрт.

45-годишен маж е уапсен под сомнение за двојно убиство. Според неофицијалните информации, станува збор за синот кој ги убил родителите, наведува Индекс.

„Потресени сме. Не знам што да кажам. Го познавав семејството. Тие беа добри соседи. Тие беа повлечени, не разговаравме премногу“, вели еден од сеседите на убиените.

„Ова тешко го доживеавме, одамна се плашиме од него, од синот што го направи тоа“, изјави сопругата на овој сосед.

„Таков е, никогаш со никого не се поздравил, како да не постоиме, мислам дека беше психички болен“, додаваат овие сопружници.

Тие беа добри луѓе, чесно семејство, толку фини што немам зборови“, велат шокираните соседи во телефонски разговор за Јутарњи.

„Имаа два сина, постариот се преселил во Истра и се оженил и добил дете, но починал. Овој помал син до пред неколку години работел во Франција, па се вратил во Брод и купил куќа на истата улица со неговите родители“, велат соседите. Друг сосед вели дека штом ја виделе полицијата сфатиле што се случило.

“Се гледаше дека беше слаб со нервите во последните неколку години. Цел ден возеше велосипед и стана многу неуреден. Не знам што точно му се случи”, рекол друг сосед.

Телата се пронајдени со видливи знаци на насилна смрт, јавува локалниот портал 035.

Се уште не се знае како синот ги убил родителите во куќата во Славонски Брод. Детали се очекуваат по истрагата.