ДИПЛОМАТСКИ СПОР НА ПОВИДОК: Шпанскиот крал не сака да го прими Милеи

280
EPA-EFE/Franco Trovato Fuocoo

Шпанскиот крал Фелипе Шести одбил да го прими аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој утре ќе престојува во посета на Мадрид, јавуваат шпанските медиуми.

Милеи треба да слета во воздухопловната база Торехон де Ардоз во услови на дипломатски расправии меѓу Мадрид и Буенос Аирес поради забелешките што ги изнесе минатиот месец.

И покрај тоа што побара аудиенција кај шпанскиот крал, кој оваа недела слави 10 години на тронот, Милеи не е на агендата на кралскиот дом.

Одлуката доаѓа откако претседателот на Аргентина повеќепати го нападна шпанскиот премиер Педро Санчез и ја обвини неговата сопруга за корупција, пишува бриселскиот портал Политико.

Шпанската Влада одговори со отповикување на својот амбасадор во Буенос Аирес, барајќи јавно извинување од аргентинскиот претседател. Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Алварез се закани дека целосно ќе ги прекине дипломатските односи со Аргентина доколку Милеи не се извини, но тој тоа го одби.