Македонските кошаркарски репрезентативци Ненад Димитријевиќ и Теодор Симиќ одлични партии за своите тимови.
Димитријевиќ го предводеше својот тим Олимпија Милано до победа над Динамо Сасари со 100:75, во второто коло од италијанскиот шампионат, со 10 поени, пет скокови, шест асистенции и три украдени топки. Олимпија Милано по две одиграни кола има еден триумф и еден пораз и се наоѓа на седмата позиција во италијанското првенство.
Што се однесува до Симиќ, тој со својот Прат триумфаше над Беникарло со 75:70 во рамки на шпанското кошаркарско првенство. Ова за Тео и другарите беше прв лигашки предизвик во натпреварувачката 2024/2025, предизвик на кој соодветно беше одговорено и преку голема борба низ сите 40 минути беше остварена гостинска победа.
Симиќ за 11 минути на паркетот постигна осум поени и собра исто толку скока.