Десет Непалци побегнале од работните места во Скопје и Тетово

763

На 12.06.2024 во 11:15 часот во СВР Скопје, М.Н.(41) од Скопје пријавил дека од работното место на подрачјето на општина Аеродром се оддалечиле шест лица од Непал, со привремен престој во Скопје.

Тие биле вработени во неговата фирма.

Се преземат мерки за пронаоѓање на лицата.

Исто така вчера во 14.15 часот во СВР Скопје, Л.Џ.(36) од Скопје пријавил дека од работното место во Тетово се оддалечиле четири лица од Непал, со привремен престој во Скопје, кои биле вработени во компанија од Тетово, подружница Скопје, каде што тој е управител.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.