Сигурно се сеќавате на Дени Марфи, легендарниот фудбалер на Ливерпул кој минатиот месец наполни 47 години. Тој во Ливерпул играше од 1997 до 2004 година, а по завршувањето на кариерата се најде во сериозни проблеми, пред се со дрога и кокаин!

Работите отидоа предалеку, па на крајот мораше да побара помош за лекување, а воедно си ја отвори душата пред јавноста.

  • Некои поминаа многу полошо од мене. Се изолирав, не разговарав со семејството, пријателите, користев дрога. Најдов помош на време, немаше друг избор. Не знам точно како стигнав до таму, иако сфатив дека сепак имав лошо влијание, имав деца. Најдов помош, имав идеја да бидам добар татко, син. Се разведов, останавме пријатели со бившата сопруга, не разговарав со двајца од тројцата постари браќа две-три години. Поради сето тоа. Во денешно време е полесно да се зборува за менталните проблеми и сите овие прашања, тогаш тоа беше некако табу-тема. Како што одминуваше времето, запознав повеќе луѓе кои беа во тие темни тунели. Треба да си идиот, ментално слаб за да паднеш во светот на дрогата, коцкањето, алкохолизмот и слични работи. Мислев дека луѓето што го прават тоа, дека се глупави, дека никогаш не може да им се случи такво нешто. Тогаш станав и јас таа личност. Тоа е дел од патувањето, започна Марфи на подкастот „Бен Хит“.

Само што ги „закачил копачките на колец“ започнал хаосот.

  • Брзо западнав во сите овие проблеми. Сакав да пробам некои работи, да видам, нема единствено објаснување зошто. Сакав да избегам од реалноста која ми донесе проблеми. Финансискиот дел, врската и слично. Кога играш фудбал, тие проблеми се помали. Во извесна смисла, играш на терен, имаш адреналин, уживаш, не размислуваш за тие проблеми. Кога нема фудбал, тогаш сите тие проблеми изгледаат како планина. Кога бев играч, ја имав поддршката од сите луѓе, што и да ми требаше, ме контактираа, парите продолжуваа да доаѓаат. Татко ми почина кога бев во Тотенхем, имаше рак, почина за само неколку месеци. Фудбалот ми помогна да го преболам тоа. Дури подоцна почувствував таква тага и жалост има во мене. Во тие моменти морав да се фокусирам на фудбалот, да се вратам на теренот, кога нема фудбал, потоа проблемите се многу поголеми, додава Марфи.

И самиот призна дека звучи чудно, иако вели дека сето тоа низ што поминал му помогнало да биде подобар човек.

  • Во еден момент се опоравив, па се вратив и потоа успеав некако да се снајдам. Немав проблем со пиењето и алкохолот, користев кокаин, марихуана, немав проблем со пиењето, не претерував. Тогаш работите почнаа брзо да се менуваат, истакна Марфи.

Тогаш имал малку среќа.

  • Кога побарав помош, се опкружив со луѓе кои го поминале тоа. Отидов и на групна и на индивидуална терапија. Бев на терапија на почетокот штом ја завршив кариерата и брзо се борев, требаше да останам таму. Треба да си спремен за тие терапии, тоа е емотивен ролеркостер и може да биде болен. Кога си опкружен со такви луѓе тогаш чувството на срам исчезнува. Слушнав приказни за некои луѓе кои имале проблеми со дрога 20 години, а јас имав проблем една година. Споделив искуства со нив, разговараа со мене и сето тоа ми помогна, таа 2017 година ме направи многу подобар татко. Не дека бев лош татко, синко, брат, само ме натера да разберам некои работи подобро, како да им помагам на другите. Свесен сум за се, начинот на исхрана и такви работи. Сега имам желба постојано да бидам подобар, се присети Марфи.

Покрај Ливерпул, Марфи ги носеше дресовите и на Чарлтон, Тотенхем, Фулам и Блекбурн. Има и 9 настапи во репрезентацијата на Англија, а освен животните проблеми, зборуваше и за фудбалот.

  • Се каам за две работи. Првата е што го напуштив Ливерпул. Требаше да останам, иако имав чувство дека сум избркан. Тогаш го мразев Рафа, но тој беше директен и искрен. Ги донесе Чаби Алонсо и Луис Гарсија кои го зазедоа моето место. Тој ми рече: „Знам дека сакаш да играш, но нема да играш овде. Те бараат други клубови“. Гледајќи наназад сега, можеби требаше да ризикувам. Тешко е да се разбере твојата вредност во светот на фудбалот. Имав добри опции, три договори од три клуба од Премиер лигата. Да останев уште една година, ќе имав уште една година од договорот. Размислував што ќе се случи ако не играм една година. Мразев да седам на клупа. После сето тоа, имав ден или два да донесам одлука, бидејќи тоа беше крајот на трансфер прозорецот, заврши Марфи.