Поради избегнување на гужви, паркинг и можност за 100% спроведување на протоколите, „Авалон продукција“ заедно со менаџментот и артистите на фестивалот, одлучи Скопје да биде домаќин на првото издание на DEEPER UNDERGROUND FESTIVAL, кој ќе се одржи на просторот на А1 арената на отворено на 15 и 16 август.

Пионерите на dnb сцената, кои првпат во Македонија ќе имаат b2b настап RONI SIZE &amp, LTJ BUKEM со Dynamite MC настапуваат на 15 август, а нивното доаѓање е сигурно и доаѓаат од Лондон. Доаѓањето на ARTBAT е 100% сигурно бидејќи тие во Скопје доаѓаат од Миконос, каде што имаат настапи во претходните денови пред 15 август.  Истиот требаше да трае 3 дена, но ќе трае 2 дена поради следниве причини. Имено поради редуцираните авионски линии за Македонија и околината, како и моменталната состојба со коронавирусот во нивната држава, Италија, како и неможноста за стопроцеднтно сигурен транспорт за него, доаѓањето на Meduza во Македонија ќе остане за некоја друга и подобра прилика.

Оние што имаат купено влезници само за MEDUZA и не сакаат да присуствуваат на Deeper underground festival, средствата ќе може да ги рефундираат од оние продажни места од каде што ги имаат купено билетите.