Селекторот на шпанската тениска репрезентација, Давид Ферер, проговори за Карлос Алкараз.
Алкараз им се врати на обврските во репрезентацијата, разочаран од дебаклот на САД опен. Ферер верува дека тој брзо ќе го надмине проблемот.
- Мислам дека веќе се чувствува подобро, но малку претерува. Кога губиш, секогаш драматизираш. Тој запиша многу, многу победи оваа година, освои два грен-слема, играше на Олимпијадата, малку одмори и веднаш отиде на Синсинати и на Отвореното првенство на САД. Сега побара одмор, се освежи, го почитував сето тоа и целосно сум смирен. Тој е толку добар, бара многу од себе, но мора да научи да губи. Луѓето што не се во тенисот, мислат дека тој може постојано да победува, но невозможно е тоа – изјави Ферер во интервју за шпански „Ас“.