Да се изгради кружен тек на „збунувачката“ крстосница на бул. „Васко Карангелевски“

95

Центарот за управување со кризи (ЦУК), по барање на граѓани, поднесе иницијатива да се изгради кружен тек или итно да се постават семафори на крстосницата на булеварот „Васко Карангеловски“ во населбата Аеродром.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, вели дека оваа раскрсница е „по малку збунувачка“ за учесниците во сообраќајот.

– Повеќемина граѓани, со повик на единствениот број 112 во ЦУК, преку медиумите и преку социјалните мрежи, побараа итно поставување семафори или изградба на кружен тек на крстосницата на булеварот „Васко Карангелески“, пред објектот на СВР Скопје. Иако има соодветна сигнализација, крстосницата е збунувачка и предизвикува нејаснотии кај учесниците во сообраќајот околу првенството на премин, поради што за краток период се случија четири сообраќајни несреќи – изјави Ангелов.

Тој додаде дека ЦУК поднел иницијатива до Град Скопје и одржал една координативна средства на која е добиено известување дека се работи на планирање за поставување семафори.