„Да го разубавиме светот на кучињата, да ја обоиме Лајка“

42

Во јавното претпријатие „Лајка“ утре ќе се одржи настанот „Да го разубавиме светот на кучињата, да ја обоиме ‘Лајка’“, кој ќе започне во 10:00 и ќе трае до 14:00 часот.

– На овој настан, кој е во рамките на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерство“, под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје и заедно со повеќе од 50 волонтери, ќе ги обоиме боксовите на претпријатието, реквизитите и ќе ја уредиме околината – соопштија од ЈП „Лајка“.