„Црвен“ метеоаларм во Грција, се повикуваат сите на внимателност! Претстои тешка недела

3717

Министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, Василис Кикилијас, ја предупреди јавноста дека временските услови пред празникот на 15 август ќе биде критично што се однесува до шумските пожари.

– Ќе преовладуваат екстремно високи температури и опасни временски услови за појава на шумски пожари. Ќе имаме комбинација од многу силен ветер, без дожд, услови за суша и поради ова половина Грција ќе биде под „црвен“ метео аларм – рече Кикилијас на состанокот на Комисијата за оцена на временските услови на ресорното министерство.

НЕБОТО НАД АТИНА ЦРНО ОД ДИМ: Пожарот неконтролирано се шири, зафатени се куќи, се евакуира населението

Тој рече дека побарал спроведување на вонредни мерки, кои се однесуваат на армијата, полицијата, волонтерите, противпожарната служба и локалната самоуправа, пренесува „Катимерини“.

– Ги повикувам сите луѓе да бидат внимателни и да покажат голема одговорност бидејќи ни претстои тешка недела – предупреди Кикилијас.

Во Грција, 15 август е голем ден за грчката православна црква, кога Грците го слават празникот Успение на Пресвета Богородица.