EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Шефот на УФЦ, Дејна Вајт, го најави враќањето на Конор Мекгрегор (36) во октагонот, кон средината на април. Мекгрегор требаше да си ги одмери силите со Мајкл Чендлер (38) на 29 јуни, на настанот „УФЦ 303“ во Лас Вегас, но не се случи тоа, бидејќи Ирецот се повреди. Затоа сè уште не е познато дали и кога ќе ја има Мекгрегор првата борба по пауза од три години.

Имено, Мекгрегор загуби од Дастин Појрие во јуни 2021 година, откако судијата ја прекина борбата поради скршеница на ногата на Конор. Оттогаш Ирецот се занимава со приватен бизнис и го снима филмот „Road House“.

Овој пат, околу случувањата во приватниот живот на Конор проговори Белал Мухамед (36), шампионот на УФЦ во полусредна категорија.

  • Тој човек не изгледа добро во моментов. Изгледа како да е напушен, како да се дрогира. Дури и да го победи Мајкл Чендлер, не би му дозволил да скокне во редот, бидејќи има момци што го заработиле тоа и напорно работеле со години. Што се однесува до моето наследство, секако дека би сакал да му удрам некоја шлаканица на Конор – изјави Мухамед за „Submission Radio“.

Мухамед се сомнева дека ќе се бори со Мекгрегор и изјави дека му е жал за Чендлер, кој долго чека меч со ирскиот борец. Инаку, Мекгрегор беше шампион на УФЦ во перо и во лесна категорија, а во својата ММА-кариера има вкупно 22 победи и шест порази.