EPA-EFE/RICHARD WAINWRIGHT

Хамзат Чимаев, 30-годишната чеченско-шведска ѕвезда во УФЦ, требаше да одработи натпревар пред два месеца, во Саудиска Арабија, против Роберт Витакер. Сепак, му се слоши на еден од најдобрите борачи во светот, па борбата беше одложена. Доколку се одржеше мечот, победникот лесно можеше да добие шанса за меч за шампионската титула.

Се работи за борба во средна категорија, во која шампион е јужноафриканскиот борач Дрикус ду Плесис. Во разговор со својот пријател и добро познат борач, Дарен Тил, Чимаев жестоко го повика Ду Плесис, својот можен противник.

  • Мораме да им ја вратиме титулата на нормални луѓе. Овој геј го држи појасот, не е нормално тоа. Првпат слушам дека Африканец е геј – истакна Чимаев, кој има рекорд во кариерата од 13 победи и ниту еден пораз и се смета за еден од најопасните борачи во светот.

Ду Плесис засега се нема изјаснето дали е геј или не, но многумина веруваат дека неговата сексуална ориентација е сомнителна. На Интернет често кружеа фотографии на кои се бакнува со тренерот, по натпревар.

Ситуацијата поради која многумина се сомневаа во неговата сексуалност се случи пред една година, кога беа објавени фотографии од неговата наводна свршувачка со маж, под Ајфеловата кула. Тил во неколку наврати се обиде да го замолчи Чимаев за да не западне во проблеми со УФЦ, но тој не престана да го навредува Јужноафриканецот.