Фудбалскиот клуб Челзи нема да дозволи неговите фудбалери Енцо Фернандез и Михаил Мудрик да играат за своите репрезентации на Олимписките игри во Париз.

Михаил Мудрик, кој ги брани боите на Украина, годинава ќе може да игра на ЕП во Германија, Енцо Фернандез ќе игра за Аргентина на претстојната Копа Америка, но „сините“ не сакаат да ризикуваат со евентуална нивна повреда на Олимпијадата.

Олимписките игри не се во календарот на ФИФА и клубовите не се обврзани да ослободуваат играчи, за разлика од Европското првенство и Копа Америка.

Олимписките игри се закажани за 26 јули до 11 август, а фудбалскиот турнир ќе започне два дена порано.