„Carlsberg“ очекува пад на профитот од 15 отсто

27

Данската пиварница „Carlsberg“ соопшти дека очекува оперативната добивка да падне за 15% во оваа година, бидејќи блокадите ќе влијаат на продажбата на клучните пазари како Кина и Западна Европа во втората половина од годината.

Третата по големина пивара во светот, по „Anheuser Busch InBev“ и „Heineken“, ја откажаа втората транша од откуп на акции и рекоа дека ќе скратат неодреден број работни места во седиштето во Копенхаген.

Компанијата соопшти дека иако потрошувачите почнале да се враќаат во баровите и рестораните во Кина и Западна Европа во текот на летото, блокадите веројатно ќе извршат притисок врз продажбата до крајот на годината. Кинескиот пазар, најголемиот во обемот на „Carlsberg“, го започна третиот квартал добро, но продажбата беше погодена од неодамна обновените блокади во делови од земјата. Во Западна Европа продажбата во барови и ресторани постепено закрепнува, но не се очекува да се вратат на нормално ниво во оваа година, соопшти компанијата.

Во април, „Carlsberg“ ја намали прогнозата, но сега најави дека очекува падот на органскиот оперативен профит оваа година да биде помеѓу 10 и 15%.

Од средината на март, цената на акциите се зголеми за повеќе од една третина, но сепак се тргува под највисоката сума од 1.065 круни, која ја достигна во јануари.

Приходите од вториот квартал на „Carlsberg“ паднаа за 15 проценти во однос на една година порано на 15,9 милијарди круни (2,5 милијарди долари) со пад од вкупниот обем од 8 проценти. Сето ова одговара на првичните резултати кои беа објавени во текот на минатиот месец.