Бурата Атина ќе ја погоди Грција: Итно предупредување за сите туристи!

798

На мобилните телефони на туристите во Грција синоќа пристигна предупредувачка порака. Причината, како што се наведува, е што во наредните денови се очекува силно невреме во летувалиштата во Грција.

Голем број на оние кои престојуваат во Грција ги преплавија социјалните мрежи и групите во кои се споделуваат искуства за летување во Грција со прашања што точно се случува и кои делови од земјата ќе бидат зафатени со невремето.

„Утре во поголем дел од Грција ќе има врнежи од дожд, а во некои делови и силно невреме. Овој бран го доби името Атина. Поучени од искуството од минатата година кога во ова време беснееше бурата Даниел, сите што ги добија предупредувачки пораки од бројот 112, треба да ги следат упатствата во пораката. Пораката е на грчки во горниот дел и на англиски во долниот дел од текстот. Паркирајте ги автомобилите на безбедни места и, ако е можно, не ги паркирајте под дрвја – се вели во објавата на овој корисник на Фејсбук.

Се огласи грчката хидрометеоролошка служба

Грчката национална метеоролошка служба (ХНМС) синоќа предупреди на опасни временски услови, а најтурбулентно време се очекува во вторник. Присуството на циклон над Медитеранот игра клучна улога во развојот на ова невреме, а погодените региони се детално опишани на временските карти.

Невремето Атина се прогнозира да ја зафати Грција од ноќва и ќе продолжи до среда, со надградено предупредување за невреме. Систем со низок притисок од централниот дел на Медитеранот, кој се движи кон исток, се очекува да донесе интензивни врнежи од дожд, грмежи, чести молњи, град и силен ветер во различни делови од земјата, особено во западните, централните и северните делови на копното, како и како северните и источните егејски острови.