Филмот „Воз куршум“ во кој играат Сандра Булок и Бред Пит премиерно ќе биде прикажан на 8 април 2022 година, објавија во понеделникот од студиото Сони.

Исто така, најавувајќи нови изданија, студиото откри дека комедијата „Oh Hell No“ ќе се појави на големото платно на 1 јули 2022 година.

„Bullet Train“, базиран на популарната јапонска книга “Maria Beetle“ од Котар Исаке, може да се пофали со актерска постава од висок профил предводена од  Бред Пит. Главните улоги ги толкуваат и Сандра Булок, раперот Бад Бани, Џои Кинг, Ендру Коџи, Брајан Тајри Анри, Мајкл Шенон, Арон Тејлор-Џонсон и Хирујуки Санада.

Зак Олкевич го напиша сценариото, додека меѓу продуцентите се Кели Мекормик, Дејвид Лејч и Антоан Фукуа. Меѓу извршните продуценти се Рјосуке Саегуса, Јума Терада, Брент О’Конор и Кет Самик.

Приказната се фокусира на група убијци и атентатори со спротивставени мотиви кои се наоѓаат во воз во Токио. Тонот на проектот е опишан како средба на „Speed“, акциониот филм на Сандра Булок од 1994 година, сместен во автобус, со трилерот „Non Stop“ на Лиам Нисон од 2014 година, кој се одвива во авион.