Прогнозата не потфрли. Попладнево Скопје го зафати невреме проследено со дожд, ветер и град.
Во одредени реони како во населбите Ново Лисице и Аеродром снема струја откако почна невремето. Освен електрична енергија, жителите на Горно Лисиче информираа дека се соочуват со проблеми и со интернет врските.
Падната смрека врз возило на булевар „Видое Смилевски Бато“ во Ново Лисиче
Од УХМР соопштија дека од утре до средината на следната седмица (24. 07) во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Силен ветер со дожд попладнево зафати делови од Скопје. Во одредени реони како во населбите Ново Лисице и Аеродром снема струја откако почна невремето.
Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во Скопје, од утре и во следните денови во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси со пороен дожд, силен ветер и локална појава на град.
Од УХМР со препорака, во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.