За прв пат во историјата на Македонија, бројот на невработени се спушти под 100 илјади. Според податоците на Агенцијата за вработување, бројот на невработени во јули изнесувал 98.976 лица, од кои дури 46.291 се пријавуваат редовно како лица што бараат работа.

Ако се погледнат податоците, ќе се забележи дека во февруари, бројот на невработени бил 106 илјади, додека во јули тој паднал на 98 илјади или, за само неколку месеци, има пад од речиси 8 илјади лица.

И кај бројот на лица што се водат како баратели на работа, има осцилации и постепено намалување, но не толку големо. Кај нив, најголем број пријавени во Агенцијата имало во март, и тоа 47.452, по што бројот постепено се намалувал.