Ни доаѓа прилично симпатична приказна од Параолимписките игри во Париз. Имено, британската параолимпијка Џоди Гринам (31) го освои бронзениот медал во стрелаштво, и тоа во седмиот месец од бременоста.

Настапувајќи во седмиот месец од бременоста, Гринхам стана миленик на британските навивачи и се најде на насловните страници на голем број светски медиуми.

Официјалниот канал на Параолимписките игри во Париз 2024 година, исто така, го поздрави нејзиниот успех. Гринам стана првата бремена спортистка на параолимпискиот подиум, објавија организаторите.

  • Многу сум горда на себе. Имав тешкотии и не беше лесно. Но, додека сум здрава, и бебето е здраво, знаев дека можеме да се натпреваруваме. Сакав да покажам дека не сум тука само за да учествувам туку и за да се борам за медал – изјави таа за британските медиуми.

Џоди воедно откри дека постојано ја клоцало бебето на натпреварувањето.

  • Бебето не престана да клоца. Како да велеше: „Што се случува? Навистина е бучно! Мамо, што правиш?“ – ги насмеа Гринхам сите.

Гринхам е родена со кратка лева рака, без прсти и со само половина палец на левата рака. На патот до бронзата, доби три меча, а единствениот пораз го забележа од Ознур Кура Гирди, која го освои златото на крајот.

  • Дефинитивно плачев повеќе од кога било – додаде Гринхам со насмевка.

Слична ситуација имавме и на веќе завршената Олимпијада во Париз, каде што 26-годишната Нада Хафез од Египет дојде до среброто во мечување само неколку недели пред породувањето. Таа ја победи Американката Елизатеб Тарковски со 15:13, а потоа загуби од Корејката Џеон Хајунг.

  • Што се случува кога двајца натпреварувачи на подиумот се, всушност, тројца?! Бевме јас, мојата ривалка и моето мало бебе, кое треба да се роди. Моето бебе и јас поминавме низ многу предизвици, физички и емотивни. Ролеркостерот на бременоста е тежок сам за себе, но борбата за одржување рамнотежа во животот и во спортот беше напорна – истакна Нада Хафез по освоениот медал.